Почнуваме со имплементација на GREEN VIVO проектот, кој ќе го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21). Целта на проектот е да се одговори на негативните влијанија предизвикани од Ковид 19 пандемијата. Во проектните активностите ќе бидат вклучени наши бездомни сограѓани, кои се обидуваат да го предизвикаат нивниот моментален социјален статус. Во првата недела од спроведувањето на проектот беа спроведени следниве активности:
- Дефинирана е прецизна временска рамка за имплементација на проектните активности
- Отворена е наменска банкарска сметка која ќе се користи исклучиво за потребите на GREEN VIVO проектот
- Објавен е јавен оглас за набавка на алати кои што ќе се користат за време на спроведување на проектот
- Купен е домаинот www.greenvivo.mk и отворена е и facebook страна (https://www.facebook.com/greenvivomk) кои ќе се користистат за идна промоција биохумусот кој го произведуваме
- Со нашите графички дизајнери е дефиниран изгледот на печатените материјали кои ќе ги користиме за време на спроведување на проектот
Во текот на втората недела од спроведувањето на GREEN VIVO проектот, кој го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21) беа спроведени следниве активности. Во првата недела од спроведувањето на проектот беа спроведени следниве активности:
- Набавени се материјали за формирање на нова (трета) голема леа за одгледување на калифорниски црви, а со тоа ги зголемуваме капацитетите за производство на биохумус
- Набавени се алати кои ќе ни помогнат во спроведувањето на овој проект, но и во сите идни идните активност на Здружението со кои би обезбедиле професионална и социјална реинтеграција на лицата во потреба
- Ги започнавме подготовките за формирање на третата леа; Пред се, ги заштитивме од надворешни влијанија даските кои што ќе се користат за изградба на леата
- Воедно, отпочнавме со поставување на основата за бетонската основа на леата
Со овој проект, се обидуваме да ги намалиме негативните влијанија предизвикани од Ковид 19, вклучувајќи ги во спроведувањето нашите бездомни сограѓани. Жал, тие спаѓаат во една од категориите на граѓани кои се најпогодени од последиците на пандемијата.
Измина третата недела од представувањето на GREEN VIVO проектот, кој е овозможен со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21). Проектот има за цел да ги ублажи последиците од Ковид 19 пандемијата. Во текот на минатата недела спроведени беа следниве активности:
- Финализирана е подготовката за поставување на ‘плоча’ на новата голема леа за калифорниски црви. Во зависност од временските услови, се надеваме дека следната недела третата голема леа ќе биде во целост изградена.
- Ги отпочнавме активности за оградување на плацот, заштитувајќи го производството на биохумус од несакани посетители. Поради голема цврстина на почвата, ќе мора да обезбедиме дополнителен алат (во рамки на предвидениот буџет) кој ќе ни помогне за полесно и соодветно поставување на столбчињата на оградата.
- Одржана е работна средба со група студенти од завршната година на маркетинг студиите на University American College Skopje. Во соработка со нивниот професор Игор Атанасов, кој е Експерт за Комуникации, Промоција и Видливост, оваа група на млади професионалци ќе ни помогне да ја дефинираме стратегијата за идно представување на нашиот биохумус пред потенцијалните клиенти
Во спроведувањето на проектот активно се вклучени наши бездомни сограѓани. Веруваме дека вложените напори ќе им помогнат да ја достигнат посакуваната професионална инклузија и финансиска самоодржливост.
Според договорениот план на активности за GREEN VIVO проектот, минатата недела беше изградена основата за нашата трета голема леа за производство на биохумус:
- Во правење на бетонската основа за новата леа ни се приклучија младите волонтери на Здружението. Со нивна помош, и претходна соодветна подготовка, основата беше завршена за неколку часа.
- Врз основа на искуствата и знаењата стекнати при правењето на претходните леи, страниците на новата леа ги направи нашиот член и пријател Саше. Новата леа за него e нoва надеж дека наскоро ќе го надмине неговиот моментален социјален статус.
Спроведувањето на GREEN VIVO проектот е овозможен со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21). Цел на проектот е да ги ублажи последиците од Ковид 19 пандемијата, со посебен осврт на лицата во потреба.
Во текот на минатата недела продолживме со спроведување на планираните активности од GREEN VIVO проектот, кој го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21), и ги комплетиравме следниве активности:
- Ја комплетиравме изградбата на третата голема леа и сега сме подготвени за префрлање на првите количини на калифорниски црви во неа
- Поради цврстината на земјиштето, моравме да набавиме дополнителен алат со кој ќе го спроведе планираното оградување на плацот. Со користењето на новиот алат, резултатите беа веднаш видливи.
- Набавени беа гумените клише кои ќе ги користиме за предстоечкото брендирање на кесите во кои што ќе го пакуваме биохумусот
Со спроведување на проектните активности GREEN VIVO проектот, се трудиме да ги ублажиме економските последиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19, со посебен фокус на потребите на лицата во потреба.
За време на седмата недела од спроведувањето на GREEN VIVO проектот, ги спроведовме следниве активности:
- На 4 мај 2021 година, во просториите на Македонски Каритас во Скопје, се одржа средба помеѓу персоналот на Македонски Каритас, предводен од директорот дон Паво Шекерија, Барбара Садовска, основач и претседател на Фондацијата „Барка“ од Полска, заедно со Мингаудас Данус – експерт за социјално претприемиштво од Литванија и, Дејан Стојановиќ – Извршен Директор на Здружението за социјален и економски развој ИН ВИВО од Скопје. Барбара Садовска, во Март годинава, е избрана за една од 100 најважни жени во светот, во доменот на социјалното претприемништво, а активностите на нејзината фондација се фокусирани на поддршка на лица во потреба (бездомници, поранешни затвореници, зависници од алкохол и други). На средбата Барбара се претстави себе и активностите на нејзината фондација во Полска, како и проектот ‘Поддршка за социјалните претпријатија’ кој што во моментов го спроведува во Македонија. Спасе Спасов, координатор на локалната организација на Каритас, ги запозна гостите со активностите и структурата на Фондацијата Македонски Каритас, со предизвиците со кои организацијата се соочува во условите на пандемија и подетално за улогата на Каритас во областа на социјалното претприемништво. На крајот од средбата, директорот на Македонски Каритас, дон Паво Шекерија изрази благодарност за остварената средба и надеж за понатамошна соработка.
- Отпочнавме со полнење на новата леа со калифорниски црви и продолживме со оградувањето на плацот
- Остваривме работна средба со сопственикот на ‘ОрганикаНова’, компанија која е една од најголемите и најреномираните производители на биохумус во земјава. Според нивни инструкциите, во следнов период ќе пристапиме кон изработка на сопствена сеалка за биохумус
- Со цел да имаме возило за дистрибуција на биохумусот, компанијата ‘Јого Меркур ДООЕЛ’ (Осоговски Млечни Производи) одлучи да ни отстапи едно од нивните товарни возила. Пред да ни биде доделено возилото, сопственикот на компанијата г-дин Горан Дабевски одобри целосно сервисирање на возилото.
GREEN VIVO проектот, кој го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21), има за цел да ги ублажи економските последиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19, обезбедувајќи притоа можност за одржлива (ре)интеграција на лицата во потреба.
Во текот на минатата недела, во рамки на GREEN VIVO проекто ги спроведовме следниве активности:
- Нарачани се и испечатени кесите во кои што ќе го пакуваме нашиот биохумус
- Направени се првите проби на машините за лепење на кесите за биохумус. Пробите беа успешни и машините за лепење ќе бидат набавени во теков на оваа недела
- Почнавме со подготовка на делот од теренот на кој што ќе биде поставена нашата сеалка за биохумус. Бетонирањето на основата ќе го спроведеме во текота на следната недела
- Во склад со долгорочната определба и стратегија на нашето Здружение, минатата недела наш представник учествуваше на обуката „ Лиценцирање на давателите на социјални услуги“
GREEN VIVO проектот, кој го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21), има за цел да ги ублажи економските последиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19 и да обезбеди можност за одржлива (ре)интеграција на лицата кои што сакаат да го предизвикаат својот моментален социјален статус.
Во рамки на GREEN VIVO проектот кој го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21), во текот на минатата недела комплетирани беа следниве активности:
- Донесена е до нашите производствени капацитети нова количина на кравјо ѓубриво, кое е всушност основна суровина за производство на биохумусот
- Го поканивме нашиот редовен соработник Звонко Русовски (долгогодишен производител на биохумус) да направи проценка на количините и квалитетот на биохумусот. Тој воедно ни даде и многу корисни совети за организација на процесот на пакување на биохумусот
- Набавени се потребните материјали за изработка на сеалка на биохумусот. Бидејќи на пазарот неможевме да најдеме сеалка која е на продажба, самите пристапивме кон нејзина изработка
- Ангажиравме булдожер кој што овозможи да направиме дополнителен сервисен пат на нашите парцели. Со ‘отварање’ на овој пат, обезбедено е полесно и побезбедно пристапување на нашите соработнци и клиенти до нашите производствени капацитети
Со спроведување на GREEN VIVO проектот допринесуваме за ублажување на економските последиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19, а воедно и обезбедуваме можност за одржлива (ре)интеграција на лицата кои што сакаат да го предизвикаат својот моментален социјален статус.
Во текот на минатата недела спроведени беа следниве активности во рамки на GREEN VIVO проектот:
- Користејќи го алатот кој ни беше обезбеден од CARITAS ITALIANA, започнавме со средување на делот од плацот каде што ќе поканиме гости со кои ќе ги споделиме финалните резултати и остварувања од спроведениот проект
- Продолжуваме со составувањето на нашата сеалка за биохумус; врз основа на цртежот подготвен од еден од нашите интерни поддржувачи, нарачан е, изработен и монтиран е делот кој што ќе ги предизвикува вибрациите на сеалката.
Со спроведување на GREEN VIVO проектот кој го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21) допринесуваме за ублажување на економските последиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19, обезбедувајќи притоа можност за одржлива (ре)интеграција на лицата во потреба.
Во текот на минатата недела, во рамки на GREEN VIVO проектот кој го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21) спроведени беа следниве активности:
- За најновата леа се направени ‘покривки’ од стиропорни рамки, со што нашите калифорниски црви ги заштитуваме од надворешните температурни влијанија. Целта е да обезбедиме непречено произвоство на биохумус и содветна продуктивност на црвните семејства во летниот период
- Речиси ја комплетиравме подготовка на локацијата на која што ќе ги поканиме нашите гости на ‘Отворениот ден’ кој што го планираме за 23. Јуни 2021
- Со помош на булдожер, го проширивме пристапниот пат за нашите пријатели и клиенти кои што би доаѓале од правец на езеро Козјак, и почнавме со формирање на паркинг простор кој ќе го користат посетителите
- Во здружени ‘сили’ со студентите од University American College Скопје, го комплетиравме планот за идна маркетиншка промоција и пласман на нашиот биохумус
- Во организација на ‘Мрежата за зелено социјално претприемништво’, ја посетивме организацијата ЕКОВИТА од Неготино, со која што планираме заеднички активности и проекти во делот на идна надградба и скалабилност на производството на биохумусот.
Со спроведување на GREEN VIVO проектот, допринесуваме за ублажување на економските последиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19, обезбедувајќи и можност за одржлива (ре)интеграција на лицата во потреба.
Во текот на минатата недела, во рамки на GREEN VIVO проектот беа спроведени следниве активности:
- Ги комплетиравме подготовките за ставање на цементна ‘плоча’ на делот од плацот каде што ќе биде поставена сеалката за биохумус
- По завршување со поставувањето на стиропорни рамки на нашата најнова леа, почнавме со замена и обновување на стиропорните ‘покривки’ на нашите постари леи. Со оваа активност ќе ги заштитиме калифорниски црви од надворешните влијанија и високите температури во летниот период, обезбедувајќи услови за нивна континуирана висока продуктивност
- Во организација на локалната ‘Комора на мал бизнис’ (www.sbch.org.mk), бевме домаќини на членките на Мрежата за Зелено Социјално Претприемништво. Освен тоа што соодветно ги представивме нашите активности и и испитавме потенцијалите за идни соработки со членките на мрежата, со партнерската организација ЕКОВИТА од Неготино почнавме со испитување на можностите за локално контролирано производство на печурка буковка во in-vivo услови
- Со Македонската Асоцијацијата за Човечки Ресурси (www.mhra.mk) потпишавме Меморандум за соработка. Со Директорот на Асоцијацијата г-дин Дарко Петровски и тимот на МАЧР, ќе работиме на унапредување на соработките помеѓу традиционалните бизниси и граѓанскиот сектор, при што ќе го поттикнуваме и афирмираме развојот на социјалното претприемништво во нашата земја.
Проектот GREEN VIVO го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21), допринесувајќи за ублажување на економските последиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19, а воедно обезбедуваме и можност за одржлива (ре)интеграција на лицата во потреба.
Во текот на минатата недела, во рамки на GREEN VIVO кој го спроведуваме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21), спроведени следниве активности:
- По покана на Отец Илија Стојанов од Македонски Каритас, учествувавме во интервјуто за Радио Марија од Струмица, со кое ги опишавме и промовиравме активностите на МАКЕДОНСКИ КАРИТАС , проектот ЕЛБА кој има за цел да го промовира социјалното претприемништво во нашиот регион, како и актуелните активностите на Здружението ИН ВИВО.
- Направивме мала информативна табла, која ја поставивме на главниот пат пред нашите парцели. Целта на оваа табла е да обележи локацијата на која што работиме, но и да го привлече внимание на потенцијалните клиенти.
- Ја подобривме функционалноста и атрактивноста на работниот простор пред нашиот објект
- По поставувањето на бетонската ‘плоча’, ја транспортиравме и поставивме нашата нова сеалка на предвидената позиција. На наша голема радост, сеалката работи одлично (видео)!
- Првите количини на проесеан биохумус почнавме да ги мериме на кoличини од по 3 литри и да ги пакуваме во претходно набавените кесички.
- И... конечно го имаме нашето прво соодветно пакување на био хумус. Ви благодариме за поддршката CARITAS ITALIANA!!
Проектот GREEN VIVO допринесува за ублажување на економските последиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19, а обезбедува и можност за одржлива (ре)интеграција на лицата во потреба.
Ова е последна недела од имплементацијата на проектот GREEN VIVO кој го спроведовме со финансиска поддршка на CARITAS ITALIANA (референтен број МЕ 108/21). Прокетот имаше за цел да допринесе за ублажување на економските последиците предизвикани од пандемијата на Ковид 19 и да обезбеди можност за одржлива (ре)интеграција на лицата во потреба.
Клучни резултати кои ги остваривме со спроведување на овој проект се:
- Зголемени се капацитетите за производство на биохумус (од 16 на 24 легла)
- Олеснето е просејувањето на биохумусот со тоа што направивме на една голема сеалка (капацитет на просејување: цца 200 кг/час)
- Набавена е неопходната опрема за пакување на произведениот биохумус (кеси со капацитет од 3 литри, клишеа за брендирање на кесите, лепилка за затварање на кесите)
- Со помош на група студенти од American University College Skopje дефинирани се (најмалку две) опции за идно пакување на биохумусот
- Започнавме со промоција на брендот GREEN VIVO, под кој што ќе се произведува и продава нашиот биохумус (отворена е Facebook страна (https://www.facebook.com/greenvivomk), а купен е и домаинот (www.greenvivo.mk))
- Направени се микробиолошка и хемиско/физичка анализа на биохумусот, со што е и официјално потврдена подобноста за употреба на нашиот биохумус, но и неговиот одличен квалитет
- Создадени се предуслови за идна комерцијализација на нашиот биохумус, што ќе биде основна цел по впишување во регистерот на производители на ѓубрива
- Надградени се знаењата на нашиот пријател и член, Саше Спасовски (поранешно бездомно лице) во делот на ракување со разен алат, но и неговите вештини промоција и продажба на биохумусот
- Ангажирани се тројца надворешни експерти со цел соодветна имплементација на сегашните активности, но и планирањето на идната скалабилност на нашето производство
- Подобрени се условите за живеење и работење на Саше на парцелите каде што го произведуваме биохумусот, преку: формирање на сервисен пат со кој е олеснет пристап на возилата до плацот и, оградување на плацот и средување на терасите пред нашиот објект
- Поканети се поголем број лица од маргинализираните категории на наши сограѓани да земат учество во идната продажба на биохумусот, со цел професинално да се (ре)интегрираат и да ги зголемат своите финансиски примања
Со цел да ги споделиме остварувањата постигнати со спроведувањето на GREEN VIVO проектот, на 23. Јуни (среда) организиравме ‘отворен ден’ на кој што не посетија повеќе од педесетина пријатели и поддржувачи на нашата организација.
Први посетители беа представниците на Македонски Каритас, а по нив не посетија и:
- Експертите на Ептиса, Барбара Садовска од фондацијата Барка (Полска) и проф. Игор Атанасов од Америкаскиот колеџ во Скопје.
- Претседателот на Комора на Органски Производители, г-дин Драган Цветковиќ
- Проф. Стојан и проф. Александра од Економскиот факултет при УКИМ
- Проф. Наталија од Природно Математичкиот Факултет при УКИМ
- Директорот и Менаџерот на ‘Мрежата за рурален Развој’, Петар и Ана
- Група на наши бездомни пријатели кои беа дел од Yoda проектот во 2020 година
- Директорот на Агенцијата за Поддршка на Претприемништвото, г-дин Шенаси Џељадини
- Тимот на Македонската Асоцијацијата за Човечки ресурси, предводена од Претседателот Дарко Петровски
- Представници на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот, Благородна и Лидија
- Представници на Фондацијата ‘Рето Надеж’’, Благојче и Игор
- Менаџерот на општествено одговорната компанија ЈоГо Меркур (Осоговски Млечни производи), заедно со сопственикот на компанијата Горан Дабевски.
Во знак на мала благодараност кон наши пријатели кои издвоија време да не посетат, при заминувањето им подаривме по едно пакување од нашиот биохумус.
Во текот на вчерашниот ден бевме почестени со посета од страна на представници на #NIRAS и #МЦМС. Во фокусот на нашите разговори беа активностите спроведени со проектот Yoda, кој што беше финансиски поддржан од #CivicaMobilitas со мал грант во 2020 година. Нашиот член Сашо Спасовски, кој што е пример за успешна ре-интеграција, ги запозна нашите гости (Anna Cecilie Varnild, Emilie Fity, Petrus Theunisz, Дарко Димов и Горан Стаматоски) со процесот на производство на биохумус, а накусо им ја представи и програмата за одржливо вклучување на лицата во потреба која што ја спроведува нашата Организација. Ни беше задоволство да бидеме домаќини на група посветени професионалци, и со нив да споделиме дел од нашите плановите за идното делувањето во доменот на социјалното претприемништво!